Вардар Форино, второлигашот од западната конкуренција продолжува да биде активен во летниот преоден рок. Ново е тоа што денеска клубот од Форино го промовираше Бојан Рајков, довчерашниот дефанзивец на на Кит Го, кој некогаш го носеше и дресот на Брегалница. Од Вардар Форино се пофалија дека успеале да го вратат и голгетерот Емир Алиу. Инаку Вардар Форино утре требаше да одигра пријателска со Шкендија, но таа беше откажана поради тоа што и двете екипи немаа направено тестови за Ковид-19, токму затоа денеска сите во клубот беа подвргнати на вакви тестови.