Марко Вујин е едно од новите засилувања во редовите на Вардар 1961. Србинот заедно со Векиќ и Гагуриновски ја сочинуваат тројката на десната бековска позиција.

Вујиќ потпиша две годишен договор со единствениот македонски претставник во Лигата на шампионите.

„Неколку пати разговарав со претседателот Михајло Михајловски. Ми остави позитивен впечаток, од играчите слушнав дека е голем заљубеник во ракометот. Неодамна зборував со Игор Карачиќ, ми кажа позитивни работи за клубот, градот, салата, условите. Клубот исто така се потруди да ме дочека подготвен. Со позитивни мисли и гладен за голем успех влегува во оваа приказна“, вели Вујин за „Спортски Журнал“.

Тој во Скопје треба да дојде на 18. овој месец за кого е закажан стартот на подготовките, се надевам дека ситуацијата со коронавирусот ќе биде многу подобра.

На Вујин добро му е позната атмосферата во Скопје, со Кил веќе беше гостин.

„Се надевам дека коронавирусот ќе помине и дека ќе играме пред полна сала. Добро се сеќавам на фантастичната енергија, бев гостин со Кил, слично е како во Веспрем и во Кил. Немам играно на Балканот, па токму затоа одбрав мојата кариера да ја завршам во еден тим како што е Вардар“.