Поранешниот селектор на Шпанија, Висенте дел Боске кој испиша историја со шпанскиот национален тим освојувајќи го Светското првенство во 2010 година, се потсети на таа историска година и единствената титула на „Фуријата“ на Мундијалите.

„Имавме фантастичен тим составен од млади и искусни играчи кои беа желни за успеси. Шпанија повеќе никогаш нема да има играчи како Виља, Иниеста, Чави“, коментираше Дел Боске.

Сепак, тој смета дека и во иднина Шпанија ќе завладее со светскиот фудбал.

„Има една мала смена на генерации. Касиљас, Виља, Иниеста, Чави веќе се пензионираа, а тука се и неколку играчи кои што се веќе во постари години, но јас верувам дека во Шпанија има иднина и верувам дека на следните Мундијали ќе го освои трофејот повторно“, рече Дел Боске.