Сцени какви ретко се гледаат на „Енфилд“. Иако Ливерпул веќе ја освои титулата, менаџерот Јирген Клоп беше бесен на судиите по „ремито“ со Барнли 1:1.

Ник Поп, гостинскиот голман го спаси Барнли од убедлив пораз, а Клоп по натпреварот го истакна тоа.

„Имавме неколку добри шанси, но Поп беше неверојатен“, рече Клоп кој одби да го коментира судењето, иако беше видливо дека по мечот имаше што да им каже.