По точно четири месеци (11 март – 11 јули), конечно фудбал во Македонија. Пелистер на Тумбе Кафе во Битола играше со Борец и го победи 1:0 со голот на Спиркоски во 80. минута.

Интересно е тоа што првиот меч по долго време го судеше женско, и тоа Ирена Велевачковска.

Тренерите на двата тима Штерјовски и Михајлов, искористија прилика да им дадат шанса на сите фудбалери. За прв меч после четири месеци, мина сосема задоволително.