Лионел Меси не постигна гол за Барселона во дуелот со Ваљадолид меѓутоа асистираше за погодокот на Артуро Видал. Тоа беше негова 20 асистенција сезонава во најсилната шпанска лига, а со тоа означи рекорд, нешто што никој досега не го направил.

Меси е првиот фудбалер во историјата на Ла Лига кој реализирал 20+ голови (22 во моментов) и 20+ асистенции (20 во моментов) во една сезона.

Од почетокот на кариерата во Барселона, сезоната 2005/06 па до сега Меси запишал 182 асистенции и тоа само во натпреварите во Ла Лига.

Кога станува збор само за асистенциите, ова е најуспешната сезона на Меси во тој поглед, а претходно во шпанскиот шампионат само Чави може да се пофали со 20 асистенции во сезоната 2008/09.