Мечот меѓу Петролул и Рапид Букурешт од плеј-офот за пласман во Првата лига на Романија заврши со 0:0 со тоа што домашните останаа со девет играчи на крајот. Прво Лазар беше исклучен во 28. минута, а потоа и голманот Попа во 68. минута. А на домаќинот му е досуден и пенал во 65. минута.

Ударот од 11 метри три пати се изведуваше, а ниту еднаш топката не заврши во мрежата.

Прво голманот на Рапид го одбрани ударот од белата точка, но судијата покажа дека прерано го напуштил голот и на голманот Михаи Попа му покажа жолт картон. Повторен пенал, повторно промашен, а судијата од истите причини му даде втор жолт картон на Попа и го исклучи. Влезе резервниот голман на Петролул, а изведуваше сега шутна високо над голот.