Лацио и дефинитивно може да и каже „збогум“ на титулата во Серија „А“, откако вечерва во Рим беше поразен и од Сасуоло со 1:2, и шокиран во последните мигови од мечот.

Луис Алберто донесе водство за Лацио во 33. минута. И кога се чинеше дека Лацио ќе ја прекине лошата серија, Распадори во 52. минута донесе израмнување, а во 91. минута Капуто ги шокираше домашните играчи.