Тимот на Осасуна, која е сигурна на средината на табелата во Шпанија, ја совлада Селта со 2:1 со гол во судиското надополнување, и сега тимот од Виго одново е загрозен во битката за опстанокот.

Селта беше блиску да освои бод, откако беше 1:1, но пред последниот свиреж Хосе Мануел Диаз постигна гол за победа на домашниот тим. Селта имаше водство со гол на Мина, а израмни Енрик во 23. минута.