Многу шанси, доминација, многу шутеви кон гол, но Ливерпул одигра само 1:1 со Барнли на домашен терен.

„Црвените“ дојдоа до водство преку Робертсон во 36. минута, но „магичниот“ голман Ник Поп одбрани барем два зицери во вториот дел.

На крилата на својот голман, Барнли прво се одбрани, а потоа во 69. минута преку Родригез стигна и до израмнувачки гол. И повторно Поп се истакна со одбрани, и со тоа овозможи на својот тим да освои бод кај новиот англиски првак.