Најдобриот македонски автомобилист Игор Иџе Стефановски се соочи со проблем и најверојатно ќе ја пропушти првата трка од ТЦР Европа шампионатот во Италија, на патеката „Муџело“ закажана за 18 и 19 јули.

Коронавирусот направи голем проблем за македонските граѓани во Европа, a меѓу нив е и Стефановски, кој вели дека се прават напори да се отпатува на „чизмата“, но времето е се пократко. Влезот за македонски државјани во Италија во моментов е затворен и Иџе побара помош преку социјалните мрежи, некој да каже на кој начин може да влезе во Италија и да се извозе трката.