Струга Трим Лум го договори Арлинд Шабани (19), младиот играч за врска од Косово. Ова би била обична информација ако станува збор за обичен млад фудбалер, но Арлинд и не е така обичен фудбалер. Имено станува збор за голем талент на косовскиот фудбал, поранешен играч на Кек и Трепча, кој во наредниот период ќе го носи дресот на нашиот прволигаш. Раководството на струшкиот клуб и Шабани, ги договориле сите детали, останува само тој да дојде во Струга и да биде промовиран. Значи стружани не само што ова лето купуваат искусни и квалитетни играчи како Мециновиќ, Ристевски, Алтипармаковски, туку сакаат и да “зграпчат“ таленти како што е Шабани.

Кога станува збор за Арлинд Шабани, тој игра како офанзивен играч за врска, а член е на У-19 репрезентацијата на Косово, и секако дека добредојден ќе биде за стратегот Срѓан Захариевски.