Во дождливи и тешки услови, Ф1 возачот Луис Хамилтон доминираше на денешната патека во Австрија на „Ред Бул Ринг“.

Официјално на трката која ќе се вози утре, Британецот ќе стартува прв откако заврши за 1,2 секунди побрзо од Макс Верстапен. Трет беше Карлос Сајнц од Мекларен, додека како четврти ќе стартува Валтери Ботас.

Инаку квалификациите „висеа“ утринава, откако силен дожд го погоди тој дел на Австрија.

Ова ќе биде втора трка во Ф1 календарот оваа година. Пред една недела на истата патека се возеше првата, и на истата победи Ботас.