Шефилд Јунајтед ја прекина серијата од четири меча без победа над Челзи на домашен терен во премиерлигашки натпревари. Вечерва на „Брамал лејн“ популарните „сабји“ го утепаа противникот од Лондон победувајќи го со 3:0.

Резултатот го отвори Мек Голдрик во 18. минута кој ја искористи збунетоста на дефанзивците на Челзи и несигурната одбрана на Кепа. Во 33 минута прекрасна акција на фудбалерите на Шефилд кој во гол ја претвори Оливер Мек Берни одбележувајќи го шестиот гол сезонава во англиското првенство.

Во второто полувреме Мек Голдрик повторно реализира за конечни 3:0. Повторно грешка на дефанзивците на Челзи, а фудбалерот на Шефилд погодува.
Шефилд е на шестото место на табелата, а Челзи е на третата позиција но со поен помалку од четвртиот Лестер кој има меч помалку.