Пауло Дибала е близу до потпишување нов договор со Јувентус.

Според „Калчомеркато“ 26-годишниот Аргентинец е задоволен од позицијата во тимот и има намера да го продолжи договорот. Пријавено е дека тој ќе добие 12 милиони евра годишно плус бонуси, што ќе биде блиску до цифра од 15 милиони евра.

Дибала е дел од Јувентус од 2015 година откако дојде од Палермо. Во минатото играше и за Институто. За него се шпекулираше дека ќе замине, особено по доаѓањето на Роналдо, но се чини дека овие двајца ќе играат и во следните години заедно во тимот од Торино.