Аталанта беше многу блиску да ја забележи првата победа над Јувентус после 30 меча или поточно после февруари 2001 година меѓутоа актуелниот шампион два пати се извлече. Прво Запата после одличната акција на Папу Гомез донесе водство за „Божицата“, а на почетокот на второто полувреме по шутот на Дибала топката удри во раката на Де Рун и судијата покажа пенал. Роналдо го изедначи резултатот.

Но во 81 минута Роберт Малиновски со проектил ја закова топката во мрежата на Шчесни за ново водство на Аталанта. И кога се чинеше дека тимот од Бергамо ќе стави крај на голготата во дуелите со Јувентус стигна нова казна. Повторно од пенал. Сега Луис Муриел играше со рака, а судијата покажа на 11 метри. Сигурен од белата точка повторно беше Роналдо за конечни 2:2.