Долго време Манчестер Сити и Челзи се на листата кои го посакуваат левиот бек на Лестер, Бен Чилвел. И се чини дека е најблиску до Челзи, со кој наводно има и усмен договор, но работата може да ја расипе Манчестер Јунајтед.

Имено, Солскјер наредил менаџерите на тимот да се вклучат во трката за левиот бек кој што се чини дека ќе направи голем трансфер ова лето.

Јунајтед е подготвен да испрати понуда од 60 милиони фунти, за да го види на „Олд Трафорд“ играчот кој игра одлично во последните две сезони.