Галатасарај не памти кога последен пат бил во ваква лоша серија, осум натпревари по ред не знае за победа. Во тие осум натпревари освоени се само четири бода, а денеска екипата на Фатих Терим изгуби на гостувањето кај Анкарагучу.

„Императорот“ беше толку бесен што после мечот освен што викаше по фудбалерите, се сврте и со остри зборови се обрати кон публиката која веројатно се обидувала да го испровоцира во текот на мечот.

Колку е лоша екипата говорат и поразите од Аланија со 4:1, од Трабзон дома со 3:1 од Ризе со 2:0, плус три црвени картони во тие осум натпревари. Што е многу, многу е.

А Галата „лежи“ на петото место на табелата и може да остане без билет во европските купови.