Мешков Брест е еден од првите тимови во Лигата на шампионите кој почна со подготовките за новата сезона. Добро е познато дека белорускиот состав ќе биде прв противник на Вардар 1961 во елитното европско клупско натпреварување.

Добро е познато дека нов член на Мешков Брест е екс-ракометарот на македонскиот клуб, Сташ Скубе. Тој успешно ги мина тестовите, па може да се приклучи на останатите момци.

Белорускиот тим поради пандемијата коронавирус одлучи за почеток тренинзите да се одвиваат во групи.

Вардар 1961 на Мешков Брест му гостува на 16 или 17. септември во рамките на првото коло во ЛШ. Македонскиот тим првиот собир ќе го има на 18. овој месец, по ден пауза, почнува со вистинските подготовки, претходно сите ракометари ќе мора да ги минат задолжителните тестирања, како и тест за „Ковид-19“, кој е според протоколите на нашата земја кога станува збор за спортот.