Хатајспор од идната сезона ќе настапува во турската Супер лига после победата над Адана со 2:1 во гости во двобојот од 33. коло или претпоследно во Првата лига. Ова е историски успех на „Ѕвездата од југот“ затоа што пред две сезони беа во Втората лига (трета по ранг), лани за влакно не успеаа да влезат во Првата лига (изгубија во финалето на плеј-офот на пенали), но затоа оваа сезона како шампиони одат во најсилната – Супер лига.

Откако и математички го осигураа пласманот, градот Антакија слави. Навивачите се собраа на плоштадот со факели, песни и знамиња да го прослават овој огромен успех за клубот и за градот кој идната сезона ќе ги нагости гигантите Галатасарај, Бешикташ, Фенербахче, Трабзон, Башакшехир…