Тесна, но сепак победа си е победа на Александар Волкановски против Макс Холовеј.Австралиецот со македонски корени успеа да остане на тронот во пердув категорија во УФЦ 251. Ова беше дуел на двајца екстра борци, кој се одржа на Јас во Абу Даби. Навистина беше интересно, на почетокот иницијативата ја имаше Холовеј, беше и подобар, тогаш собра повеќе судиски поени. Сепак Аце Велики, како што го нарекуваат Волкановски успеа да се врати во борбата, сега тој задаваше повеќе удари. Решавачка беше петатта рунда која Волкановски ја доби и успеа на крајот со судиска одлука од 2:1 да победи (48:47, 47:48 и 48:47).

Со оваа победа шампионскиот појас останува кај Волкановски, на кого ова му е втора победа над Холовеј.