Македонскиот напаѓач Илија Несторовски играше за Удинезе до 55 минута во дуелот со Сампдорија во кој неговиот тим изгуби со 1:3 на домашен терен. „Зебрите“ водеа, а во второто полувреме примија три гола и останаа без бодови.

Бевме добри на теренот, водевме но за жал во второто полувреме примивме три гола. Генерално детали го одлучија победникот. Да бидам искрен, заслуживме барем реми. Но мораме да гледаме напред. Да го заборавиме овој меч и да се фокусираме на следниот меч со Лацио. Да се одмориме и да собереме енергија и да одиграме убав меч во среда“, изјави Несторовски за Удинезе ТВ.