Арда Туран е слободен, но ретко кој е заинтересиран за неговите услуги. Откако на 30. јуни и официјално му истече договор до Барселона, која ја напуштиши пред две години, во моментов преговара со неколку екипи, најголем интерес покажа Хановер.

Германскиот второлигаш верува дека финансиски може да го издржи Туран, информација која ја потврди директорот на самиот тим.

„Доколку успееме да се договориме околу финансискиот дел, би сакале Туран да ни се приклучи во новата сезона“, изјави Кенан Кочак.

Туран во Барса дојде во 2015 од редовите на Атлетико, ни никогаш не успеа да ја достигне формата од Мадрид, тој не доби место во составот на каталонскиот гигант во ерата на Ернесто Валверде, па замина на позајмица во Башакшекир, но поради недисциплина беше тргнат.