Интер имаше проблеми и губеше против Торино во 8. минута. Хандановиќ направи катастрофална грешка која ја искористи Белоти да постигне гол и да донесе гостинско водство.

Меѓутоа во вториот дел Интер имаше импресивни 12. минути. Така во 49. минута Ешли Јанг израмни, а потоа Годин даде гол за водство. Во 61. минута Лаутаро Мартинез постигна гол за водство од 3:1. До крајот на мечот и двата тима имаа шанси, но не дојдоа до гол.

Интер се врати на втората позиција на табелата во Серија „А“, но и натаму се далеку од првата позиција, а Торино останува да се бори за опстанок. Интер после поразот и „ремито“, се вратија на победите, а можеше да биде поинаку ако имаа пет бодови повеќе, и ќе беше поблиску до Јуве.