Најскапиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Погба со одбрани зборови говореше за својот соиграч Немања Матиќ, за кого се чинеше дека ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“, но челниците на клубот му дадоа нов договор со важност до 2023 година.

„Немања ни ја дава потребната рамнотежа на средината на теренот, ми помага да напредувам, ми дава насока за време на натпреварите и совети што да правам. Одличен е, советите му се сјајни, освои многу трофеи, тој е искусен играч, кој е сака уште повеќе. Тренира напорно, станува збор за голем професионалец, затоа е потребен на нашиот тим. Неверојатно е да го имаш за соиграч“, изјави Пол Погба за клупскиот сајт.

Репрезентативецот на Србија одигра 28 натпревари оваа сезона, постигна еден гол и запиша три асистенции.