Реал Мадрид оствари победа над Гранада, благодарение на одличниот почеток на натпреварот за лидерот на табелата. Сега „кралевите“ се само на една победа од последните два натпревари до обезбедување на титулата во Шпанија.

Во 10. минута одличниот гол на Менди донесе водство за Реал, а шест минути подоцна Бензема донесе 0:2. Реал Мадрид играше одлично во првиот дел.

Затоа во вториот сосема поинаква слика. Гранада успеа да намали Маркис по една акција. Интересно е тоа што Гранада испушти три супер шанси во финишот да му „украде“ два бода на Реал. Во едната Куртоа со крајни напори спасуваше, во втората Рамос чистеше од гол линијата, а потоа обидот со глава на домашните заврши само крај голот, и покрај тоа што домашниот фудбалер беше во одлична позиција.