АТП турнирот во Вашингтон, како сите останати турнири кои треба да се одржат пред УС Опен (31 август – 13 септември) се под голем знак на прашалник.

Сите тениски настани поради пандемијата коронавирус беа прекинати во март, а како резултат на катастрофалната состојба во Америка, челниците и играчите на АТП се согласија дека конечната одлука за продолжување на сезоната да биде донесена кон крајот на јули.

Оваа информација ја објави „Марка“, истиот извор дека првиот човек на Синдикатот на тенисери, Новак Ѓоковиќ побарал сите трошоци на тенисерите кои ќе патуваат во САД да им бидат покриени доколку турнирите бидат откажани во последен момент.