Манчестер Јунајтед во 96 минута испушти победа над Саутемптон, и со тоа испушти можност да се врати на 4. место на табелата, по „киксот“ на Лестер.

Јунајтед губеше 0:1 после грешката на Погба, и голот на Армстронг во 12. минута.

Сепак, до крајот на полувремето Рашфорд и Мартиал донесоа пресврт. Во вториот дел Јунајтед имаше неколку шанси да зголеми на 3:1, но немаше реализација. За во 96. минута следи казната преку нововлезениот Обафеми кој постигна гол за 2:2, и така му „украде“ два бода на тимот на Оле Гунар Солскјер.

https://www.youtube.com/watch?v=rW_CLEANlEg