Екипата на Аталанта продолжува да гази во италијанското првенство. Тимот од Бергамо стана сила во најквалитетната италијанска лига, а со вечерашната победа над Бреша со 6:2 се искачи на второто место на табелата. Што е интересно, Аталанта по 33 одиграни кола реализира дури 93 гола, а како споредба шампионот и актуелен лидер Јувентус има 67 гола, додека Интер и Лацио по 68 (сите имаат по еден натпревар помалку).

Може ли Аталанта до 100 погодоци! Сигурно. Ако продолжи да го држи ова темпо ќе видиме од некоја екипа трицифрен број на погодоци во Серија А за првпат после 69 години.

И не само тоа, Аталанта има шанси и за титулата. Има шест бода помалку од лидерот Јувентус, а до крајот се шест кола. Ќе игра со Верона, Болоња, Милан, Парма и Интер. Значи во игра се 15 бодови. Со малку доза на среќе може да се стигне и до престолот.

Што се однесува до вечерашниот меч, Аталанта си ја оправда улогата на фаворит против последниот на табелата. Марио Пашалиќ првпат во кариерата реализира хет-трик, а по еден гол дадоа Де Рун, Малиновски и Запата.