Горан Пандев е во одлична форма. Капитенот на македонската репрезентација е главниот столб во Џенова во патот кон опстанок во Серија А. Неговото искуство е бесценето, тоа го покажува на секој меч, па по погодокот на дуелот против СПАЛ за водство од 1-0, се најде во тимот на 32. коло.