Челзи успеа да ги освои бодовите и да се зацврсти на третото место на премиерлигашката табела. Вечерва во рамките на 36. коло го победи последниот Норич само со 1:0, а погодокот го реализира Оливие Жиру пред крајот на првото полувреме.

Челзи до крајот на шампионатот ќе игра со Ливерпул и со Вулверхемптон, но ги очекува и дуел од ФА купот со Манчестер Јунајтед, како и невозможна мисија против Баерн во осминафиналето на ЛШ (негатива од 0:3 по првиот меч).

Норич  веќе е второлигаш, а им останаа уште натпреварите со Барнли и Манчестер Сити.