Екипата на Виган ја запиша најубедливата победа во еден првенствен меч во својата историја. Со 8:0 го победија Хал вечерва во рамките на 44. коло на англискиот Чемпионпшип. Претходниот рекорд им беше 7:0 против Оксфорд во Лига 1 (Третата по ранг) на 23 декември 2017 година.

Штета што немаше навивачи да го видат во живо ова чудо!

Вечерва го понижија противникот. Во првиот дел од осум удари на голот седум завршија во мрежата. Нејсмит во 2. минута го отвори резултатот, а потоа од 27 до 45 минута Виган даде дури шест гола.

Во второто полувреме домашните повлекоа рачна и не беа толку ефикасни. Само еден гол. Инаку хет-трик запиша 22-годишниот играч за врска Киран Доувел. Два гола постигна Кифер Мур, а по еден Нејсмит, Лов, Вилијамс.

На крајот статистиката покажува: фудбалерите на Виган упатиле девет удари на голот од кои осум завршија во мрежата, а гостите четири.