Зинедин Зидан истакна задоволство од вчерашната победа на неговиот Реал Мадрид на Гранада, со што сега „кралевите“ се најдоа на само една победа од освојување на титулата во Ла Лига. Реал се спасуваше синоќа, со оглед дека Гранада имаше три добри ситуации, а при една Рамос мораше да спасува и од гол линијата. Реал брзо дојде до водство, за само 16 минути имаше 0:2, но на крајот можеше да остане со само еден бод.

„Задоволен сум како игравме во првиот дел. Од вториот не, но не смее да ни се случи таков пад. Сепак, тоа е разбирливо од друга страна. Очекувавме дека ќе биде тешко, секогаш е, секој натпревар е тежок да дојдете до бодови, но важно стигнавме до целта“, рече Зидан кој е превнимателен пред последните два меча во Ла Лига.

„Прашањето околу титулата не е завршено. Се додека не биде теоретски готово“, рече Зидан.

Реал Мадрид следното коло игра дома со Виљареал, и доколку победи, или Барселона загуби, тогаш ќе слави шампионска круна. Во последното коло „кралевите“ гостуваат на Леганес.