Антонио Конте вчера по победата над Торино, беше задоволен од изданието на своите играчи во второто полувреме, откако во првото неговиот тим имаше негатива по грешката на Хандановиќ. Со тоа Интер се најде на втората позиција, но титулата веројатно ќе отпатува повторно во рацете на Јувентус.

Сепак, нешто што привлече внимание на италијанските новинари беше изјавата на Конте дека би можел да си замине, доколку Интер оцени дека не е задоволен од својот тренер.

„Бев повикан во Интер да реализираме тригодишен проект и да го вратам клубот каде што му е местото. Пристигнав со голем ентузијазам и верба, но треба време. Секако дека сум среќен, но истовремено знам дека од мене се очекуваат резултати. Ако раководството е задоволно од мене, не гледам причина да не продолжам тука. Во спротивно, нема да размислувам и ќе се повлечам“, рече Конте.