Салцбург во последните месеци е „центар“ за трансфери на фудбалери во големите екипи. Така после Минамино во Ливерпул и Халанд во Борусија Дортмунд, сега на ред е да се продаде унгарскиот интернационалец Доминик Собослаи.

За Собослаи има интерес веќе од Борусија Дортмунд, но сега во трката се вклучува и Милан. Се чини дека италијанскиот тим сега е најблиску до талентот на Салцбург, еден од многуте од овој тим во последно време.

Милан исто така може да го ангажира и Виктор Осимен од Лил, и да го „украде“ од Наполи, па така „росонерите“ да имаат сосема нови играчи во нападот за следната сезона.

Собослаи игра во офанзивниот дел од средниот ред, а може да игра и како крило.