Во доцните осумдесетти години на минатиот век Диего Марадона жареше и палеше на фудбалските терени. Аргентина го освои Светското првенство 1986, Диего беше прогласен за најдобар играч на турнирот и реализира два гола против Англија, едниот кој и до денешен ден го нарекуваат ремек дело, а другиот со помош на „Божја рака“. Аргентинецот беше мега-популарен, со Наполи го освои Скудетото во 1987 и Купот на УЕФА во 1989 година.

Марадона дефинитивно заслужуваше да ја добие „Златната топка“, но се до 1995 година таа награда не можеа да ја добијат играчи кои не се од Европа. Во 1989 година американската спортска агенција ИМГ во студија го прогласи Диего за најпопуларна личност на планетата.

Марадона беше популарен и во Америка и пред Мундијалот 1986, затоа што со Аргентинос Јуниорс постојано бил на турнеја низ Сојузните држави.

Истата агенција ИМГ го контактирала Марадона и му понудила да биде заштитно лице на Светското првенство 1994 година (кое се одржа во САД). За медиумските права, на фудбалот му биле понудени 100 милиони долари! А плус пари за секое присуство на промоции низ државите.

Но во договорот имало еден мал детаљ, да го наречеме клаузула или обврска: Марадона требал да добие американско државјансто. Поранешниот американски секретар Хенри Дисинџер лично му се јавил на Марадона и му ветил дека нема да биде должен да плати данок на парите што ќе ги добие.

Но „Дон Диего“ одбил.

Побараа да станам Американец. Американец! Ви се верува. Точно е дека ми понудија многу пари – но и државјанство. Жалам но аргентинското државјанство е подрагоцено за мене“, објаснува Марадона во автобиографијата.

А и дотогаш Марадона солидно заработувал, според новиот договор со Наполи добивал годишна плата од 5 милиони долари, плус уште 2,5 милиони од имиџ правата. Од спонзорски договори добиваше околу 9 милиони долари.

Работевме со РАИ телевизиски едукативни програми и серии. Имав добри спонзорски договори и во тоа време парите не беа проблем“, вели Марадона.

A за славниот аргентински фудбалер СП 1994 година беше почетокот на крајот. Тој беше исфрлен од турнирот откако бил позитивен на допинг тест.

Diego Maradona at World Cup 1994: the fallen angel