Фудбалерките во женскиот шампионат на Белорусија испратиле писмо до раководството на Фудбалската федерација во кое бараат да се провери полот на фудбалерка од Динамо  Минск – Салимата Симпоре.

Фудбалерките на другите екипи кои играле против Симпоре се жалат на нејзината некарактеристична физиономија и движења за женско. Оние што биле во соблекувалните никогаш не ја виделе Симпоре гола.

Затоа и покренале иницијатива да се провери полот на фудбалерката од Буркина Фасо.

А од белоруската фудбалска федерација изјавија дека нема потреба Симпоре да прави тест затоа што ги доставила сите потребни документи кои и овозможуваат да се натпреварува во локалната лига. Пред неколку години Симпоре направила тест во Африка кој покажал 60% женски хормони во телото.

Нема потреба да го правиме тоа. Таа има играно интернационални мечеви за Екваторијална Гвинеја и за Буркина Фасо под капата на ФИФА. Тоа значи дека штом е се чисто во ФИФА, тогаш нема потреба да правиме тестови“, изјавија од ФФ на Белорусија.

Simpore Salimata | Players | FC Dinamo Minsk