Освојувачот на чешкиот Куп Спарта Прага ќе остане без словачкиот дефанзивец Давид Ханцко и затоа е во потрага по квалитетен одбранбен фудбалер. Ханцко најверојатно ќе оди во Фиорентина, а Спарта уште сега е растрчана да најде негова замена.

Според информациите од Чешка, раководството на Спарта преговара со искусниот и корпулентен словачки бек Мартин Шкртел. Моментално поранешниот фудбалер на Зенит и на Ливерпул игра за Башакшехир, а има договор до крајот на оваа сезона.

Спарта сака да го донесе, а во случај двете страни да не се договорат тогаш поранешниот шампион на Чешка ќе оди на друга опција, а тоа е помалку познатиот Томаш Петрашек кој игра во полскиот Раков.