Беласица – Силекс 0:1, ова е епилогот од пријателски меч, кој се одигра доцна попладнево во Струмица на стадионот „Благој Истатов“. Силекс поведе уште во 4.минута со голот на новакот Дејан Тантуровски. Според извештаите од Струмица гостите од Кратово во текот на целиот меч биле подобар противник, имале и повеќе шанси за гол, но реализацијата не била на ниво. Да споменеме дека Силекс се подготвува за својот настап во квалификациите во Лигата на Шампионите, и на струмичани и на кратовци ова им беше прв контролен меч ова лето.