Некогашниот германски репрезентативец Торстен Фрингс повторно ќе работи како тренер. После кратката авантура како асистент во Вердер и самостоен тренер во Дармштат од 2016 до 2017 година сега повторно се враќа на тренерскиот занает. Неговиот нов клуб е Мепен кој се натпреварува во Третата лига.

Мепен е традиционален клуб со голем потенцијал и има фантастични навивачи. Третата лига е професионална лига и затоа сум возбуден од шансата што ја добив. Она што го напрвија луѓето со овој клуб во изминатите три години ме воодушевува. Се надевам дека заедно ќе напишеме успешна приказна“, изјави Фрингс кој беше играч на Баерн Минхен, Борусија Дортмунд но во легендарен играч прерасна во Вердер.