Талентираниот играч на Работнички Давид Тошевски направи трансфер во Ростов. Како што информиравме рускиот премиерлигаш го го „врза“ нашиот играч со договор до два милиони евра за пет години, а неговиот клуб ќе добие 900.000 евра.

Тошевски денеска ги поминал лекарските прегледи во Белград, а веќе утре лета кон Ростов на Дон да им се приклучи на новите соиграчи во ФК Ростов. Неговиот клуб е еден од подобрите во руската Премиер лига, а во последните години бележи голем напредок.