Екипата на Челзи веќе некое време бара нов голман, како замена за Кепа Аризабалага кој имаше разочарувачка сезона на „Стемфорд Бриџ“. Последните информации говорат дека „сините“ ќе тргнат по услугите на Јан Облак.

Менаџерот Франк Лампард наводно е подготвен да го даде Кепа, плус пари за да го привлече Облак. Но, тоа нема да оди така лесно.

Пред извесно време Облак прифати нов договор со Атлетико до 2023 година, со откупна клаузула од 120 милиони. Диего Симеоне ќе се откаже од голманот, само ако некој ја плати оваа сума.

Постои опција Кепа да се пресели во Валенсија, па потоа да тргне по Облак. Во опција за голман на Челзи за идната сезона е и турскиот чувар на мрежата Угурчан Чакир од Трабзонспор.