Тимот на Шкупи своите базични подготовки летово ќе ги одработи во Охрид, каде што ќе престојува од 16. јули до 1. август.

Тоа значи дека претходно мораше да бидат направени тестови за коронавирус затоа што тоа го налага моменталната ситуација. Чаирчани денеска ја обавија таа обврска, резултатите ќе бидат познати утре, а доколку се биде во ред, како што впрочем сите посакуваме, Шкупи заминува за Охрид во четврток.