Уште еден нов вардарец веќе е пристигнат во Скопје. Станува збор за хрватскиот ракометар, Анте Гаџа, кој доаѓа од редовите на ППД Загреб и игра на позиција среден бек. Гаџа се прошета низ центарот на градот заедно со своето дете.

Вардар 1961 во сабота стартува со подготовките за новата сезона, покрај Гаџа во Скопје пристигна францускиот голман, Робин Кантрегел.