Едисон Кавани одби да остане во ПСЖ и да се бори за титулата во Лигата на шампионите, се со цел да не го загрози својот нареден трансфер.

Но, во последните неколку дена работите се променија.

На големо се шпекулираше дека неговата следна дестинација ќе биде Атлетико Мадрид, по пандемијата настана голема криза, па од клубот соопштија дека немаат доволно буџет за да ги исполнат неговите барања.

Кавани беше поврзуван и со Серија А. Интер, Наполи и Рома беа во игра, но од Апенините дојде абер дека никој не сака да издвои 12 милиони евра годишно.

Во овој момент се чини сите клубови дигнаа раце од него. Тој во моментов е на одмор, додека ПСЖ се подготвува за Лигата на шампиони.

Дали Кавани ја направи најголемата грешка во неговата кариера останува да видиме во следниот период….