Едно од најголемите трансфер промашувања на Ливерпул во последната деценија е Лазар Марковиќ. Според пишувањето на локалниот „Ливерпул Ехо“, Србинот кој дојде во редовите на „црвените“ за период од 5 години под договор со новиот англиски шампион одигра само 34 натпревари (главно пријателски) и заработи 9,75 милиони фунти!

Попрецизно, за секое негово појавување на теренот во дресот на „црвените“, Марковиќ инкасирал по 332.000 фунти.Згора на тоа, Ливерпул плати сума од 20 милиони фунти при неговиот трансфер од Бенфика.

Марковиќ досега нема одиграно ниту еден меч под водство на Јирген Клоп, а најмногу стигна до клупата на средбата со Лестер во 2017 година.