Подготовките на Металург за новата сезона ќе почнат на 27 јули, наместо на 20 јули.

Раководството на нашиот клуб е принудено да го пролонгира стартот на подготовките поради доцнењето на протоколите за работа во сала за екипните спортови.

Според новата проекција на подготовките, Металург до 31 јули ќе биде во Скопје, потоа ќе замине на висински подготовки во Маврово, а од таму ќе продолжи на турнирот во Струга што е закажан од 12 до 16 август.

Металург оваа сезона ќе настапува во домашното првенство и во Лигата на Европа.