Хоан Лапорта, некогашниот претседател на каталонскиот гигант, деновиве јавно објави дека актуелното раководство на чело Бартомеу, Барса се задолжило дури 800 милиони евра.

Не знам дали договорот е официјално потпишан или само иам преддоговор. Според моите сознанија се задолжиле 800 милиони евра во една голема и позната банка и дека ќе ги враќа во текот на 20 години“ рече Лапорта.

Инаку тој напомена дека раководството на клубот нема направено добри работи.

Тоа ќе биде клуб со милијарди приходи, но и со милијарди трошоци и долгови. Ќе биде тешко за сите оние кои ќе дојдат на чело на клубот во иднина. Ова раководство мора да ја разјасни целата оваа ситуација“ заврши Лапорта.

На крајот тој напомена дека моменталниот долг на Барса е 217 милиони евра.