Орхан Ибиши, поранешниот македонски репрезентативец и трофеен играч во Железарец, Бамбо Приштина, Јувентус Серава, албанска Едро Валона, Шкупи, Беса и Приштина Мабетекс е назначен за асистент на селекторот на А футсал репрезентацијата, Васко Скендеровски.

„Убеден сум дека ќе имаме одлична соработка со селекторот Скендеровски. Заедно работевме во Железарец, освојувавме трофеи, бевме дел од Лигата на Шампиони и се надевам дека таа енергија ќе ја пренесеме и во заедничка работа со А селекцијата. Уште повеќе што со играчите во тимот се познаваме одлично и долги години игравме заедно“, рече Ибиши.