По нешто повеќе од пет месеци по последниот меч со Работнички, Шкендија вчера одигра пријателски дуел со Гостивар на кој славеше со 1:0. Фудбалерите среќни што конечно се вратија на терен.

Напаѓачот на тетовци, Валмир Нафиу вели дека ова е важен момент во однос на враќање во оптимална форма.

„Конечно бевме во можност да одиграме фудбалски натпревар. Многу убаво е чувството да се игра после пет месеци. За нас фудбалерите, останувањето без фудбал е голема казна“, вели Нафиу.

„Долгата пауза ги зафати сите нас фудбалерите, дури верувам дека не беше лесно и за судиите. На почетокот работите минаа многу добро и едвај чекам постојано да се подобруваат. Нормално е дека тестот со Гостивар беше првиот натпревар по долгата пауза, нозете се уште се тешки и со тек на време верувам дека ќе бидеме подобри и подобри“, заврши Нафиу.